Почна гаснењето на големиот пожар на планината Огражден, во близина на границата со Бугарија
Утрово почна гаснењето на планинскиот пожар на Огражден, на територијата на Општина Ново Село, во близина на бугарската граница, информираше директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов.
-Бидејќи се работи за тешко пристапен терен, еден полициски хеликоптер префрли 10 струмички пожарникари во близина на пожарот за да можат да започнат со гаснење од земја, додека полицискиот хеликоптер ќе дејствува од воздух, објави Ангелов.
Пожарот избувнал завчера попладне на планината Огражден, над селото Бадилен, во граничниот појас со Бугарија.
Според информациите од ТППЕ Струмица, гори борова и дабова шума и е зафатена поголема површина, а на ова подрачје има неколку објекти, меѓу кои и црква.
На бугарската страна од границата, на нивна територија, веќе со градежна машина се прави пристапен пат по којшто би можело да се движи теренско противпожарно возило за да го гасне пожарот.
Ново на Сител
-
Исчезнатата Клара е најдена
-
Експлодира мина во српската фабрика Крушик: Осум лица се повредени, од кои едно потешко
-
Ангелов: Од 40 пожари во последните 24 часа моентално активни се девет
-
Тешка сообраќајка на патот Гостивар-Стражa, сообраќајот целосно во прекин
-
Мотоциклист го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа на патот Радовиш-Штип
-
Тешко повреден мотоциклист по пад на коловоз кај Тиквешко Езеро
-
Исчезната е Клара, млада девојка од Општина Илинден
-
Најмалку 14 лица загинаа во терористички напад во Могадишу