Македонија
3. August 2024 - 9:02

Пронајден починат 85-годишниот скопјанец по кој семејството трагаше пет дена

Томе Божиновски, 85-годишниот жител од скопската населба Тафталиџе, кој пред пет дена беше пријавен за исчезнат, пронајден е мртов. 

„Драги соседи, пријатели, познаници, огромна благодарност што изминатите пет дена бевте со нас и што неуморно го баравте. На 2 август 2024 година, нашиот родител, сопруг, ваш пријател и сограѓанин Томе Божиновски е најден починат,“ се вели во објавата од неговото семејство.

Томче исчезна на 29 јули рано наутро, а денешната вест предизвика тага меѓу сите оние кои учествуваа во потрагата и ја изразија својата поддршка за семејството во овие тешки моменти.