Почна фестивалот на народна култура „Пображење“ во Вевчани
Со традиционално дефиле на фолклорни друштва низ вевчанските улици, синоќа во Вевчани почна шестиот фестивал на народна култура „Пображење“ што до петок ќе се одржи во организација на Културно-уметничкотото друштво „Дримкол“ од Вевчани, а под покровителство на Министерството за култура и општина Вевчани.
Покрај домаќинот, КУД „Дримкол“ на манифестацијата ќе учествуваат и фолклорните ансамбли „Китка“ од Истибања, „Ловеч“ од Ловеч, Бугарија, „Сиух и Виух“ и „Керутајад“ од Паиде, Естонија, и „Пжировские Нутки“ од Пжирув, Полска, како и културно-уметничките друштва „Илинден“ од Струга, „Ѓердан“ од Ваљево, Србија, „Весели Пензионери“ од Пробиштип, „Ѓердан“ од Охрид и „Типопластика“ од Горни Милановац, Србија.
Целта на фестивалот е да ја презентира македонската духовна култура и традиција, да овозможи запознавање на културата и традицијата од други земји низ светот и да ја збогати туристичката понуда на Вевчани. Фестивалот, според организаторот, е уште една потврда за негувањето на културата и односот на Вевчани кон културното наследство.
Покрај сценско-уметничката презентација на хорската, инструменталната и вокалната култура, во рамки на фестивалот ќе се одржи и стручен дискурс на тема: „Обредноста во Вевчани -Пображење“. Предвидено е да учествуваат еминентни професори, стручњаци и луѓе од праксата.
Фестивалот ќе заврши со настап на познатиот македонски чалгиски бенд „Чалгии“ од Скопје.
Ново на Сител
-
Вучиќ се враќа во среда на своите работни обврски
-
Агелер со честитка за Денот на македонскиот јазик
-
Кривична против двајца поранешни вработени во МВР за злоупотреба на службената положба
-
Сиљановска Давкова: Апсолутно нема потреба од предвремени парламентарни избори
-
Возач со „БМВ“ во Чаир фатил малолетник за рака и го влечел по коловозот
-
13-годишно девојче во Аеродром била физички нападната од четири малолетнички
-
Директорот на ФК „Слога“-Виница тепал фудбалер на противничката екипа пред почеток на натпреварот
-
Завршена јавната набавка за инсулин, потпишан договор за две години, информира Таравари