Почна евакуацијата на мигрантите од „џунглата“ во Кале
Четири дена по судската одлука со која беше потврдено уривањето на дел од дивата имигрантска населба во Кале, позната како „џунгла“, француските власти денеска започнаа со евакуација на мигрантите, под силно полициско обезбедување и во тензична атмосфера, јави дописникот на МИА од Париз.
Демонтирањето го вршат дваесетина вработени од градежно претпријатие во јужниот дел на „џунглата“, во која, според префектурата, живеат меѓу 800 и 1.000 мигранти, но нивниот број според невладините организации е проценет на 3.450.
Операцијата се води во зона што опфаќа повришина од само 100 на 100 метра, која е силно обезбедувана од полицијата. Во областа беа распоредени триесетина возила на специјалните сили и два камиони на единиците за справување со улични безредија.
Утрото мина мирно, но попладнево дојде до тензии, откако избувна пожар во колибите и импровизираните бараки, а мигрантите поддржани од групата „Но Бордер“ почнаа да фрлаат и предмети кон полициските сили. Полицијата одговори со солзавец.
Според француските медиуми, при инцидентот се уапсени четири лица, од кои тројца активисти на групата „Но Бордер“ и еден мигрант.
Ново на Сител
-
Се запали казино во Охрид | ВИДЕО
-
Мицкоски: Скандалозно е вицепремиер да бара од компании да гласаат за СДСМ бидејќи добиле државна помош
-
Кошаркарот од Ѓорче кој ветува промени | Владо Мисајловски | Неформално | Sitel Podcast 033
-
Се дистрибуира доверливиот избирачки материјал од битолската печатница до општинските изборни комисии
-
Ограбена спортска обложувалница на Бит Пазар
-
Повеќе од 30 украински медиумски работници се наоѓаат во руско заробеништво
-
Приведени две лица во Куманово - еден за употреба, друг за продавање дрога
-
Сопружници завршиле во притвор поради меѓусебна пресметка