Почна етапната исплата на февруарските пензии
Од денеска започнува етапната исплата на пензиите за месец февруари, кои продолжуваат да се исплатуваат предвремено, соопшти Министерството за труд и социјална политика.
Како што се наведува во соопштението, подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата:
-за пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 27.02.2023 година (понеделник);
-За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 28.02.2023 година (вторник);
- За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 01.03.2023 година (среда) и
- и за пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 02.03.2023 година (четврток).
Пензионерите кои користат платежна картичка, поврзана со сметката на која се префрлува пензијата, со парите можат да располагаат од денеска. Тие можат да ја подигнат пензијата на банкомат, да ги користат средствата за плаќање во трговската мрежа или за електронски плаќања, наведуваат од МТСП.
Ново на Сител
-
Лов на забранети животни – Каква казна предвидува законот за отстрел на мечки?
-
Тема на денот со Ѓоко Велковски заменик мин. за социјална политика демографија и млади
-
ГЕРБ иницира продолжување на преговорите за влада - Желјазков останува предлогот за премиер
-
Скопје утрово втор најзагаден град во светот – Ќе преземат ли советниците чекори за решавање на проблемот?
-
Во Струмица повторно активиран прагот на алармирање за загадениот воздух
-
Мехмедовиќ: ХМПВ не е нов вирус и нема потреба за загриженост
-
Груби доби отказ од тетовскиот државен универзитет
-
Интерпелациите во петок на седница, Мицкоски вели нема да успеат