Македонија
9. јуни 2018 - 16:26

Почна да функционира радарскиот систем Ѓуриште за детектитање на градоносни облаци

Невреме проследено со врнежи од град најповеќе материјални штети им нанесува на земјоделските посеви. Радарскиот систем за детектирање и следење на облачните маси кои предизвикуваат големи временски непогоди , инсталиран во 2005 година во Ѓуриште кај Свети Николе, од пред 4 години не беше во функција. На иницијатива на локалната самоуправа и директорот на станицата, министерството за земјоделие одвои средства за санација на проблемот.

- Недозволиво е неколку години да не биде во функција. Мене ми е особено драго што е завршена работата за надградба и поправка на целиот овој систем во Ѓуриште, преку програмата за Рурален развој од каде се одвоени 3 милиони денари за овој систем. –изјави  Љупчо Николовски , министер за земјоделие. 

Од почетокот на годината, извршена е реконструкција на повеќе метеоролошки станици, во Штип, Демир Капија и Крива Паланка и инсталирање на агро метеоролошки станици во Градско, Кочани и Струмица.

- Паралелно со стоа, министерството е посветено и на покрупните проекти на кои сме насочени, а тоа е носењето на новиот Закон во делот на земјоделското осигурување, формирање на земјоделски осигурителен пулт, додаде Николовски

Во периодот што следува Николовски најави инсталирање на комплетно нова анти градобијна опрема.