Почна академската година за студентите на државните универзитети
Прв академски час за новата генерација студенти на државните универзитети во земјава. Ректорот на УКИМ Никола Јанкуловски, на новите студенти им порача дека е чест, но и голема обврска, да се припаѓа на најстариот и најголемиот универзитет во земјава, кој во оваа учебна година одбележува 70 години постоење.
Посочувајќи на предизвиците кои им претстојат, Јанкуловски на новите студенти им порача дека со добивањето на препознатливиот црвен индекс, стануваат дел од реномираното академско семејство
Новина во оваа академска година е почетокот на Еразмус плус студентска пракса, со што на студентите им се овозможува да стажираат во компании во земјите на Европската Унија.
Новите академски граѓани ја чувствуваат возбудата од новиот статус и имаат големи очекувања од претстојните студии
Академската година почнува со нов Закон за високо образование кој беше изгласан во мај. Меѓу новините што ги донесе законот е и новиот датум на почетокот на студиската година, така што наместо на 15-ти септември, бруцошите во академските клупи седнуваат на 1-ви октомври.
-
Горан Симоновски
Сите содржини од овој новинар