Почна 9. Интернационален театарски фестивал Св. Јоаким Осоговски
Со изложба на театарска фотографија од Љупчо Илиевски и претставата „ Аналфабет“ на Народен театар Охрид, синоќа во Крива Паланка официјално започна фестивалска програма на 9-тиот Интернационален театарски фестивал св. Јоаким Осоговски.
На сцената на Кривопаланечкиот центар за култура во деветте фестивалски вечери ќе настапат осум театарски ансамбли од Македонија, Хрватска, Србија и Бугарија.
- Во овие девет години на одржување на фестивалот успеавме да се наметнеме на театарската мапа во регионот и станавме препознатливи и достојни за предизвик на театраските групи од соседството и Балканот кои на оваа сцена секоја година ги претставуваат своите најнови остварувања, рече во обраќањето градоначалникот на Крива Паланка, Арсенчо Алексовски.
Програмата продолжува денеска во 12:30 часот, во ЛУ Градски Музеј каде ќе се одржи промоција на зборникот „Бугарската драма и театар во Македонија“, со трудови од научен симпозиум Крива Паланка 2016 и промоција на зборник на „Германската драма и театар во Македонија“ со трудови од научен симпозиум Куманово 2016 година.
Вечерва на сцената во НУ Центар за култура настапува општински народен театар „Невена Коканова“ од Дупница, Република Бугарија со претставата „Ама, тоа семејство“, додека утре, како придружна манифестација, ќе се одржи промоција на книгата поезија „Истиот“, на Симон Грабовац.
Ново на Сител
-
ДС: Само силен синдикат е гарант за работничките права
-
Притвор од 30 дена за жител на Сопиште, пронајдена дрога во неговиот дом
-
Ковачевски: Нека ни е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците
-
Мицкоски: Работничките права се прекршени, државата не води грижа за тие кои се р`бетот на економијата
-
Вучиќ со одговор на Стејт департментот: Еве се дружам и пијам со Додик
-
Поведена истрага против осомничен за трговија со дрога и психотропни супстанции во Скопје
-
Стејт Департмент: Разочарани сме што две санкционирани лица ќе бидат министри во Владата на Србија
-
За влез во Грција се чека по 1 час