Починатиот манекен Александар ќе биде погребан во Малта- објавата за помош сепак била од семејството
Илија Грујовски, братот на починатиот битолчанец Александар, вели дека неговиот брат ќе биде погребан на Малта. Тој им се заблагодари на сите што биле поддршка на семејството по трагедијата што им се случи.
„Драги роднини и пријатели, како што знаете неодамна го изгубивме нашиот сакан брат и син Александар. Мојата фамилија и јас бескрајно ја цениме вашата подршка во овие тешки моменти. Благодарение на многу пријатели кои помогнаа да се соберат средства – сите трошоци околу погребот ќе бидат покриени“, стои во неговата објава на Фејсбук.
Тој вели дека сака да ја расчисти целата ситуација околу линкот за донации.
„Линкот за донации е покренат од нашето семејство во Австралија со цел да се помогне во оваа ситуација и беше поставен уште првиот ден кога никој немаше конкретни информации што ќе се случува понатаму во смисла каде ќе се одржи погребот. Желба на моето семејство е погребот на мојот брат да се одржи на Малта“.
Тој додава дека медиумите во Македонија објавувале статии за ннеговиот брат со цел да се помогне, но дека никој не ги консултирал, па дека контекстот во статиите е погрешно пренесен.
„Трошоците за погребот на Малта се големи и на нашата фамилија ѝ требаше финансиска помош. Уште еднаш од срце сакам да ви се заблагодарам за вашата помош и поддршка на сите кои сте со нас во ова време“, пишува Илија.
Ново на Сител
-
Швајцарија замрзна руски имот во вредност од 5,8 милијарди франци
-
Венеција почнува да наплаќа влезници
-
ДИК објави упатство за гласање на претседателските избори
-
Избирачкиот список намален за 10 000 гласачи
-
Претседателски избори ќе ги следат 342 домашни и 568 странски набљудувачи
-
Право на глас на претседателските избори имаат 1.814.317 избирачи
-
Пленковиќ преговара со десницата мнозинство во хрватскиот парламент
-
„Епл“ го отстрани „Телеграм“ од својата интернет-продавница за Кина