Почина вториот човек кому му беше пресадено срце од свиња
Лоренс Фосет, 58-годишен пациент со терминална болест на срцето и второто лице кое прими генетски модифицирано срце од свиња, почина на 30 октомври, се вели во соопштението од Медицинскиот центар на Универзитетот во Мериленд во Балтимор, каде е извршена трансплантацијата.
Фосет имаше трансплантација на 20 септември и живееше шест недели – пократко од првиот примател, и покрај дополнителните мерки на претпазливост во Мериленд. , На почетокот Фосет добро закрепнуваше од операцијата.
Одеше на физикална терапија, поминуваше време со членовите на семејството и играше карти со сопругата. Но, во деновите пред неговата смрт, неговото срце почнало да покажува знаци на отфрлање на органите; со други зборови, неговиот имунолошки систем го препознал срцето на свињата како туѓо и го нападнал. Отфрлањето е исто така најголемиот предизвик во традиционалните трансплантации на човечки органи, пишува магазинот „Вајрид“ („Wired“).
Во Медицинскиот центар на Универзитетот во Мериленд и на други места, истражувачите ја проучуваа можноста за трансплантација на животински органи на луѓе – позната како ксенотрансплантација – како начин да се намали недостигот на човечки органи.
„Имаме намера да спроведеме сеопфатна анализа за да ги идентификуваме факторите што можат да се спречат во идните трансплантации“, рече Мухамед Мохиудин, кој ја надгледува програмата за ксенотрансплантација на универзитетот.
Ново на Сител
-
Вучиќ: Во следните 10 дена ќе одлучиме дали ќе одиме на избори или ќе формираме нова влада
-
Путин: Ако Западот престане да го поддржува Киев, конфликтот во Украина ќе заврши за два месеца или помалку
-
Елмас се враќа во Италија како позајмен играч на Торино
-
Поради магла намалена видливоста на патните правци околу Битола и на патот Тетово – Попова Шапка до Гајре
-
Реакција на Здружението на социолози на новата Нацрт-концепција за гимназиско образование
-
Началникот на француската жандармерија оцени дека постои можност за вооружен конфликт во земјата
-
На УКРО лани новорегистрирани 73 лица со рак на грло на матка, најмалку во последните десет години
-
12-годишник и го нападнал синот на Скопјанка, таа го однела дома и го држела одреден период