Живот
12. July 2023 - 12:55

Почина светскиот писател Милан Кундера

На 95-годишна возраст почина чешкиот писател Милан Кундера, јави денеска чешката национална телевизија.

Негови најпознати дела се романите „Неподносливата леснотија на постоењето“ и „Шега“.

Роден е во 1929 година во Брно, а ја напушти комунистичката Чехословачка и живее во Франција од 1975 година, каде што објави некои од неговите најпознати дела, меѓу кои „Книгата на смеата и заборавот“, „Уметноста на романот“ и „Бесмртност“.