Почина скијач на Церипашина на Попова Шапка
Германскиот државјанин Ц.К.Х.(61) починал во засега неутврдени околности додека со група скијачи денеска биле на скијање на задната страна од врвот Церипашина во месноста Казани на Попова Шапка.
Според првичните полициски информации германскиот државјанин вчера пристигнал на Попова Шапка за денеска со други скијачи со ратрак да се упатат на другата страна од Церипашина каде имало снег за скијање. Според кажувањата на поединци од групата тој во еден момент додека скијал застанал, се свиткал и паднал на снегот. Веднаш било известено полициското оддление на Попова Шапка од каде побарале интервенција на хеликоптерот на МВР што пристигнал на местото и го пренел Германецот во клиниката Систина во Скопје каде лекарите само можеле да ја констатираат неговата смрт.
По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција на Институтот за судска медицина во Скопје.
Ново на Сител
-
Седници на четири собраниски комисии
-
Градоначалникот на Тирана останува во притвор
-
Кина предлагала да биде домаќин на средбата Трамп-Путин
-
Променливо облачно со повремен локален дожд, во планинските региони со снег
-
Сообраќајот по влажни коловози, снег во Маврово, Попова Шапка, Крушево
-
Тројца мажи осудени за обид за уцена на семејството на Михаел Шумахер
-
Зеленски: Имав значаен разговор со Трамп, заеднички работиме на крај на војната
-
Храната како психолошка зависност | Теодора Делиќ | Личен Развој | Sitel Podcast 082