Почина шефот на италијанската мафија Месина Денаро
Најбараниот шеф на италијанската мафија, Матео Месина Денаро, кој беше уапсен во јануари по 30 години бегство, почина, пренесе ДПА повикувајќи се на италијанската новинска агенција АНСА.
Денаро по обемно крварење во петокот падна во неповратна кома. Тој боледуваше од рак на дебелото црево и неговите лекари рекоа дека нема да закрепне.
На негово барање, мерките за одржување во живот беа прекинати, соопштија лекарите од болницата во централниот италијански град Л’Аквила.
На почетокот на август, 61-годишниот мафијаш беше подложен на операција на цревата во болницата Сан Салваторе во централниот италијански град Л’Аквила.
Иако операцијата беше успешна, ракот на дебелото црево во поодмината фаза предизвика неповратно влошување на неговата здравствена состојба.
Месина Денаро, осудениот шеф на сицилијанската мафија Коза Ностра, беше фатен од полицијата во јануари по три децении во бегство.
Шефот на мафијата, кој долго време важеше за најбараниот бегалец во Италија, беше фатен од специјализирана полициска единица во клиниката за рак во Палермо, каде што се лекуваше под лажно име.
Тој беше осуден во отсуство на доживотен затвор за неговата улога во серија сурови убиства и бомбашки напади со автомобили во Италија.
Помеѓу другите злосторства, тој е обвинет и за бомбашките напади со автомобили во 1992 година, во кои меѓу другите беа убиени водечките обвинители против мафијата Џовани Фалконе и Паоло Борселино.
Месина Денаро важеше за блиска доверлива личност на поранешните мафијашки криминални босови Бернардо Провенцано и Салваторе „Тото“ Риина.
Ново на Сител
-
Пет интерпелации на денешната собраниска седница
-
Тошковски: Повторно го повикувам Груби доброволно да се врати во Македонија и да ја докаже својата невиност
-
Избришано видеото со Ахмети во униформа на УЧК
-
Министерството го вклучи алармот за загадениот воздух
-
СДСМ: Власта да не го игнорира загадувањето
-
Грипот и респираторниот синцицијален вирус ја наполнија клиниката “Козле” со болни деца
-
Граѓаните на Шуто Оризари се решени ѓубрето од дома да го однесат пред Град Скопје, вели Османовска
-
Нема откуп на годишната реколта на ориз, министерот смирува, ќе се откупува за стокови резерви