Почина родилката позитивна на Ковид-19, новороденчето кое е негативно на коронавирусот е во добра состојба

Министерството за здравство попладнево соопшти дека почина родилката позитивна на Ковид-19 од Куманово, која на 30 март на Клиниката на гинекологија и акушерство роди недоносено машко бебенце. Бебето е во добра состоја, но е се уште на интензивна нега на Клиниката за гинекологија.
-Министерството за здравство со големо жалење ја информира јавноста дека предмалку почина родилката позитивна на Ковид-19 од Куманово на 27 години. Таа на 30 март на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје роди недоносено машко новорoденче, негативно на вирусот. Родилката беше префрлена на Инфективната клиника на 31 март поради влошена клиничката слика и отежнато дишење. И покрај напорите на лекарите, брзиот и агресивен развој на болеста беше фатален, се наведува во соопштението од Министерството за здравство.
Клиниката за гинeкологија и акушерство информира дека, како што се посочува, бебето е во добра состојба, се уште е на интензивна нега и под постојан надзор на тимот од клиниката.
Ново на Сител
-

ВМРО-ДПМНЕ бара свикување на Комисијата за финансирање и буџет
-

Царината заплени 500.000 евра
-

Ден на пожарникарството во Македонија
-

Преглед на вестите од светот
-

Хрватска го „скрши мразот“ за камионџиите: Долгорочни визи за спас од хаосот на границите
-

Тема на денот со Ерика Пирметс, експерт за дигитализација од Естонија
-

СДСМ го блокираше заемот од 260 милиони евра
-

Филипче: Власта води лицемерна политика
