Почина професорот Димитар Мирчев
Почина Димитар Мирчев, македонски универзитетски професор, професор Емеритус по политички науки, редовен член на Европската академија на науки и уметности во Оделот за општествени науки, право и економија и поранешен амбасадор на Република Македонија во Словенија.
Мирчев е роден во Сливен, во 1942 година. Основно и средно образование завршил во Скопје, а високо на Правниот факултет во Белград. Специјализирал методологија на општествени науки на Универзитетот во Брадфорд, Велика Британија, магистрирал во Скопје, на политички науки, на тема „Изборниот процес во Англо-саксонските земји“. Докторирал на Факултетот за општествени науки на Универзитетот во Љубљана, на тема од политички науки, „Критика на граѓанските теории на партиципацијата“, а бил и на пост-докторски претстој на Школата за јавни работи и меѓународни односи на Универзитетот во Питсбург, САД.
Димитар Мирчев извршуваше важни функции во политичкиот живот на Македонија, беше основач на Младата демократска странка, на Македонскиот совет на Европското движење и еден од обновувачите и член на Либералната партија на Македонија.
Ново на Сител
-
Апсења на аеродромот во Скопје и на границата „Деве Баир“
-
Димовски: Потребна ни е сплотеност и единство за опстојување и сочувување на македонската држава
-
Возач загина откако удрил со возило во надворешната капија на Белата куќа
-
Тешка сообраќајка на патот Дебар-Маврово, двајца повредени
-
Сообраќајот непречено по наместа влажни коловози
-
Бернар Арно прв на листата на најбогати луѓе во светот, Маск на третото место
-
Драма во Кавадарци: 18-годишник нападнал полицајци кои се обидувале да приведат побегнат затвореник
-
Меси се запиша во историјата на МЛС лигата – Гол и пет асистенции