Почина претседателот на здружението „Тиквешки лозаро-овоштари”, Златан Стојчев
Почина претседател на Регионалното здружение „Тиквешки лозаро-овоштари”, Златан Стојчев. Од Здружението утрово за МИА изјавија дека загубиле вреден човек, кој се грижел за околу 500 декари земјоделски имот во родното кавадаречко село Сопот.
– Изгубивме исто така борец за правата на лозарите, за подобри услови во лозарството, повисоки цени за килограм грозје и поредовна исплата на родот од лозјата, нагласија од Здружението.
На 21 јуни ќе полнеше 69 години.
Од семејството на Стојчев, кој го имаше прекарот ,,Американецот”, за МИА потврдија дека тој починал после компликации по операција против крварење во мозокот и мозочен удар.
– Ја преживеа операцијата, но не се избори до крај. Многу животни битки доби, за многу работи се бореше, но оваа, за жал, ја изгуби, рекоа од семејството.
Ново на Сител
-
УХМР најавува постудено време со слаб снег
-
Продолжи судењето за убиството на Вања и Панче, Обвинителството презентира докази од видео материјали
-
Калас: На трговска војна меѓу САД и ЕУ „ќе се смешка“ Кина
-
Вучевиќ: Протестите се можност за опозицијата која сака да ја отцепи Војводина
-
Се проширува истрагата во „Адитив“, осомничени осум нови лица, а тројцата претходно осомничени се товарат и за перење пари
-
Спасен повреден планинар кај кичевско Лавчани
-
ВМРО - ДПМНЕ, ЗНАМ и „Вреди“ поднесоа барање во Собранието за јавна расправа за законски измени за зајакнување на безбедноста во сообраќајот
-
Герасимовски: Контејнерите преполни со ѓубре, Град Скопје не исчисти ниту викендов