Почина претседателот на Тунис
Претседателот на Тунис, Беџи Каид Есебеси почина денеска, откако претходно беше пренесен во воената болница во главниот град поради акутни здравствени проблеми, објавија локалните медиуми.
Советникот на 92-годишниот претседател, Фирас Гефрех претходно напиша на Твитер дека шефот на државата се наоѓа во „критична состојба“. Соопштението за влошената здравствена состојба на тунискиот претседател доаѓа по денешните два самоубиствени бомбашки напада во градот Тунис, при што загина еден полицаец, а уште осум лица се повредени.
Есебси, првиот демократски избран претседател на земјата, дојде на власт во 2014 година, три години по Арапската пролет, кога беше соборен долгогодишниот диктатор Зин Бен Али.
Тој беше кратко хоспитализиран и минатата недела, по што објави дека не планира да се кандидира за втор мандат на изборите предвидени во ноември годинава, додавајќи дека некој помлад треба да раководи со државата.
Ново на Сител
-

Бугарскиот парламент гласа за владата на Радев
-

Сиљановска: Бугарските граѓани очекуваат стабилност, а ние соговорник
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е подготвен на ново предавство со Бугарија
-

Генералка викенд во Скопје
-

Прилеп го доби првото официјално Собирно место за селекција и одлагање на отпад
-

Преглед на вестите од светот
-

Арсовски: Реконструкцијата треба да е робусна, а СДСМ треба да се плаши од избори
-

Тема на денот со Петар Арсовски политички аналитичар
