Почина позната актерка
Француската актерка Жана Моро, која стекна светска слава со улогата во филмот „Жил и Џим“ на Фрасоа Трифо, а играше во некои од најпознатите филмски остварувња во 20-от век, почина на 89-годишна возраст, соопшти денеска нејзиниот агент.
Актерката, која снимаше филмови до нејзината 87 година, рано изутирнава била пронајдена мртва во нејзиниот дом во Париз.
Моро, која беше препознатлива по рапавиот глас, беше олицетворение на борбата за поголеми слободи во 60-те години на минатиот век и им даде посебен шарм на многу филмски ремек дела, почнувајќи од „Лифт за губилиште“ на Луј Мал до „Ева“ на Џозеф Лујзи.
Режисерот Орсон Велс еднаш ја опиша Моро како „најдобра актерка во светот“. Таа беше икона на феминизмот, пионер во борбата за правата на жените во време кога кинематографијата само што почнуваше да се занимава со проблемите и теми што ги интересираат жените.
Во текот на шесте децении таа играше во 130 филмови. Во 2011 година се појави на сцената на фестивалот во Авињон, во 2012 играше во остварувањата „Естонец во Париз“ на Илнар Раг и во „Gebo and the Shadow“ на Мануел де Оливеира.
Ново на Сител
-
Апсења на аеродромот во Скопје и на границата „Деве Баир“
-
Димовски: Потребна ни е сплотеност и единство за опстојување и сочувување на македонската држава
-
Возач загина откако удрил со возило во надворешната капија на Белата куќа
-
Тешка сообраќајка на патот Дебар-Маврово, двајца повредени
-
Сообраќајот непречено по наместа влажни коловози
-
Бернар Арно прв на листата на најбогати луѓе во светот, Маск на третото место
-
Драма во Кавадарци: 18-годишник нападнал полицајци кои се обидувале да приведат побегнат затвореник
-
Меси се запиша во историјата на МЛС лигата – Гол и пет асистенции