Почина поранешната прва дама на САД, Розалин Картер
Поранешната прва дама на САД Розалин Картер, најблиската советничка на Џими Картер за време на неговиот мандат како претседател на САД и хуманитарна работничка во текот на четири децении, почина денеска на 97-годишна возраст.
Картер центарот соопшти дека Розалин Картер починала по неколку месечно нарушенo здравје и долгo боледување од деменција.
Се наведува дека таа починала мирно, опкружена со семејството, во нејзиниот дом во јужна Џорџија. “Розалин беше мојот рамноправен партнер во сè што сум постигнал.
Таа ми даде мудри насоки и охрабрување кога ми беше потребно”, рече Џими Картер во изјавата.
Семејството Картер во мај оваа година соопшти дека поранешната прва дама има деменција, но продолжува да „живее среќно во куќата во Плејнс, Џорџија“.
Џими и Розалин Картер се венчале во 1946 година кога тој имал 21, а таа 18 и биле во брак повеќе од 77 години.
За разлика од многу претходни први дами, Розалин присуствуваше на состаноците на кабинетот, зборуваше за контроверзни прашања и го претставуваше нејзиниот сопруг на патувањата во странство.
Џими Картер беше претседател на САД од 1977 до 1981 година.
Ново на Сител
-

Исчистен дел од одроните на патот Берово - Струмица, сообраќајот се одвива по една коловозна лента
-

Во прекин сообраќајот на патот Берово - Струмица
-

Поднесено обвинение против градоначалникот на Будимпешта бидејќи дозволил одржување на Парада на гордоста
-

Трамп повторно му се закани на Иран
-

Кривична пријава против струмичанка за присвојување осум мобилни телефони од продажен салон во Гевгелија
-

Радосна вест од Скопска ЗОО: Џуџестите мармозети добија близначиња
-

Петмина кандидати за државен јавен обвинител, кандидатурите испратени во Влада
-

Тошковски - Кочиу: Пред летната сезона ќе го профункционира One Stop Shop меѓу двете држави
