Почина писателот Миле Неделковски

Во 85-тата година од животот вчера почина писателот Миле Неделковски – поет, романсиер, раскажувач, драматург, соопшти Друштвото на писателите на Македонија во кое Неделковски членувал од 1963 година.
Роден е на 25 ноември 1935 година во Прилеп. Од 1963 до 2009 ги објавил збирките поезија: „Срцето од злато“; „Јужно лето“; поемата „Улавиот од Преспа“; „Еретикон–Еротикон“; „Недела, ден за каење“; „Битпазар – стилски вежби, ете…“; поемата „Заточеници“; Огледало на сенките“; „Секогаш иста“; „Задушница за престапните“ и „Палимпсест“, романите: „Пепелаши“; „Трненки“; „Пандур“; „Потковица на смртта и надежта“; „Петрафил за вечната земја“; „Подгревање на вчерашниот ручек“; „Создателот и старата емигрантка – продавачка на разни плодови“; „Празникот на светите маченици“; „Јавна кривична пријава“; „Постела на сенките“ – роман во три дела; „Пределот со две годишни времиња“; „ Другиот ден“ и „Ланскиот снег“.
Како што соопшти ДПМ; Неделковски е автор и на драмските текстови: „Триумфот на Тројанскиот коњ“ (драма во стихови, 1974); „Враќање во арената на стариот прославен, заслужен и ислужен кловн“ и „Пропаста на Олимп“ (стихувани драми, 1983), „Прозорец што гледа на улица“, „Преспански круг со црвена боја“ и „На крепоста чувари“ (1985).
Добитник е на наградите: „Браќа Миладиновци“ и „Рациново признание“.
Ново на Сител
-

Алиу: Работна група од Министерството за здравство истражува дали биле запазени протоколите за извоз на биолошки материјал во САД
-

Мицкоски: Владата нуди своја формула за пресметување на покачувањето на платите во администрацијата
-

Мицкоски: Чествувањето на Гоце Делчев нека ни биде пример како треба да ја градиме нашата Македонија
-

Променливо облачно и релативно топло до сабота, од недела заладување и снег на планините
-

Приведени возачи, управувале возила без возачка дозвола, со изречена забрана, под дејство на алкохол
-

650 прекршоци регистрирани вчера преку „Безбеден град“, од нив 590 за пребрзо возење
-

Сиљановска-Давкова: Регулативата создава доверба и предвидливост, а не само контрола
-

Обвинителството отвори предмет по закани кон новинарот Александар Видиновски
