Почина пионерот на електронската музика Жан-Жак Пери
Францускиот композитор Жан-Жак Пери, кој важи за пионер на електронската музика, почина во Швајцарија на 87-годишна возраст од рак на белите дробови.
- За жал, мојот татко почина на 4 ноември од карцином, потврди синоќа неговата ќерка Патриција Лерој.
Својата музичка кариера Жан-Жак Пери ја започна на 50-те години на минатиот век и тој беше меѓу првите европски музичари кои ги прифатија електронските инструменти. Во почетокот на 60-те години се пресели во САД, каде во 1965 почна да соработува со композиторот Гершон Кингсли си кого сними два популарни албуми „The In Sound From the Way Out“ во 1966 и „Kaleidoscopis Vibrations: Electronic Pop Music From Way Out“ во 1967 година.
- Како сопственик на дискографската куќа „Огли Рекордс“ имав задоволство да имам средба со стотици уметници, но ретко имав можност да работам со легенди, изјави за интернет изданието на списанието „Ролинг Стон“ Карл Каприогли, пријател на Пери кој во 2006 година го објави неговиот албум „The Happy Electropop Music Machine“.
- Жан-Жак Пери е легенда и благодарен сум што имав можност да помогнам да ја сподели неговата убава музика со светот, рече сопственикот на „Огли Рекордс“.
Жан-Жак е коавтор и на познатите џинглови кои се свират во Дизниленд, а неговата музика се појави во повеќе реклами и телевизиски серии, меѓу кои и „Симпсонови“ и „Саут Парк“.
Ново на Сител
-
Има ли Македонија функционален систем за социјално-ранливите семејства?
-
Тема на денот со Синиша Пекевски
-
Железницата Куманово-Бељаковце е пуштена во употреба
-
Преглед на вестите од светот
-
Близначиња починаа од глад и студ
-
Надзорот за смртта на 9-годишното дете е во тек - Политичките партии со меѓусебни обвинувања
-
Дел од маркетите ги замрзнаа цените на дел од основните производи во следните шест месеци
-
Синдикатот на УПОЗ бара средба со Владата