Почина Павлина Климкар Меанџиева
Павлина Климкар Меанџиева е родена во 1949 год. во Велес. Завршила педагошка гимназија "Никола Карев" во Скопје и Филолошки факултет во Скопје. Работеше како професор по македонски јазик и литература во Велес, а сега е во пензија. Автор е на стихозбирките: "Тивнеења"(1976), "Неразделности"(1978), "Ораница"(1983), "Тишина што се слуша"(1991), "Кралица на гревот"(1991), "Бршлен"(1992), "Зол трн непремолк"(1992), "Жежок ветер"(1993), "Голтач на огнови"(1994), "Од дневникот пред изгорување"(1995), "Кралица на гревот"(второ проширено издание 1996), "Македонска вертикала"(1997), "Уста полна светлина"(1997), "Цунами"(1999), "Чудна случка"(сликовница 1999), "Најазмо"(2001), Василоанјеа - а марртиилјеи ( љубовна поезија преведена на влашки јазик 2002), "Дијадема"(2003), "Во меѓувреме"(2005), "Ѕвездени патеки"(2005) ,"Школки" (2007)," Одблесоци"( 2009), Метузалем (2012),Наспроти ветрот (2013)Трето Око (2017).
Дел од нејзиното творештво е преведено на српски и албански јазик. Како автор е застапена во повеке антологии. Неколку децении е член на Друштвото на писателите на Македонија како и на градскиот литературен клуб "Кочо Рацин" од Велес.
Нејзината поетска дејност започнува во училишните денови. Тогаш по пат на конкурс ја добива наградата за патување во Индија по повод роденденот на Нехру. Оттогаш често пати е наградувана како поет, а неколкупати освојува прво, второ и трето место за најдобра стихозбирка од Здружението на просветните работници на Македонија како и други литературни награди.
Добитник е и на Деветоноемвриска плакета"- од општина Велес, плакета за најдобра издадена книга во тековната година - од друштво на писатели на Македонија, наградата за животно дело "Гемиџии" - признание од родниот град Велес во кој до денес живееше и твореше.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација