Почина папата Франциск

Почина папата Франциск, јави италијанската новинска агенција АНСА. Врховниот поглавар на Римокатоличката црква, 226-от римски бискуп и шеф на државата и суверен на Ватикан, почина на 88-годишна возраст.
Папата почина на вториот ден од Велигден, рано изутринава. Здравствената состојба на Папата долго беше кревка, а во март годинава тој успешно се избори со тешка пневмонија.
-Утрово во 7:35 часот, бискупот римски Франциск се врати во домот на Отецот. Целиот негов живот беше посветен на службата на Господ и Неговата Црква. Тој нè научи да ги живееме вредностите на Евангелието со верност, храброст и универзална милосрдие, особено во корист на најсиромашните и најмаргинализираните, како пример за неговата вистинска благодарност. душата на папата Фрањо на бескрајната милосрдна љубов на Единиот и Троичен Бог, се вели во соопштението на Ватикан.
Секуларното име на папата било Хорхе Марио Бергољо. Роден е на 17 декември 1936 година во Буенос Аирес, главниот град на Аргентина.
Папата Франциск беше првиот језуит и првиот латиноамериканец, како и првиот член на црковниот ред од Григориј XVI (1831–1846) и првиот неевропеец по Григориј III (731–741) кој ја зазеде оваа позиција.
Ново на Сител
-

Норвешка одвојува 86,4 милиони евра за фондот за поддршка на енергетиката на Украина
-

Вo јануари остранети 2765 кубни метри отпад од диви депонии во Скопје
-

ЗОИ 2026 вечерва свечено ќе бидат отворени, Атанасовска и Јада македонски знаменосци
-

Да се вози внимателно, магла на повеќе патишта низ државата
-

Годишниот извештај за работата на ФЗО пред матичната собраниска комисија
-

Дел од центарот на Скопје денеска без вода
-

Цените на угостителските услуги за една година зголемени за 3,4 отсто
-

Отворање на новите простории на Институтот за трансфузиона медицина во Тетово
