Живот
26. December 2015 - 18:00

Почина најдебелиот човек на светот

Мексиканецот кој е сметан за најдебел човек на светот почина вчера на 38-годишна возраст од срцев удар, два месеца по операцијата со помош на која требало да ги симне килограмите.

Андреас Морено Сепулведа, кој во најдебелата фаза имал 450 килограми, починал на пат кон болница.

- Добро се чувствуваше иако веќе претрпе два срцеви удари. Не можеше да дојде до здив, и почина во болничко возило, рече Кармен Паласиос, која му помогна за време на процесот на рехабилитација во последната година.

Сепулведа ослабе на 320 килограми пред да биде подложен на операција за намалување на желудникот.