Фудбал
24. September 2015 - 12:27

Почина легендарниот хајдуковец Холцер

Во својот дом во Сплит во сон почина легендата на југословенскиот фудбал и ФК Хајдук, Драган Холцер. 

Со интересна судбина, роден во концетрационен логор од татко Австриец и мајка Италијанска живее во Ниш каде ја започнува кариерата во ФК Раднички. 
Потоа заминува во Хајдук и важи за еден од најдобрите дефанзивци во историјата на клубот за кој одигра 419 натпревари пред да замина во Германија каде играше во Штутгарт и Шалке. 
Во националниот тим одигра 52 средби.