Почина хрватскиот воен злосторник, Томислав Мерчеп

Томислав Мерчеп, поранешен полициски функционер и помошник во Министерството за внатрешни работи на Хрватска, почина „по тешко и долго боледување“, соопшти денеска Здружението на хрватски доброволци на Татковинската војна, која Мерчеп ја водеше долги години.
Во февруари 2017 година, хрватскиот Врховен суд го осуди Мерчеп на седум години затвор за воени злосторства, но тој по две години беше ослободен, поради неговата лоша здравствена состојба.
Тој беше осуден бидејќи не ги спречил припадниците на резервната полициска единица „Мерчеповци“, да апсат, мачат и убијат десетици претежно српски цивили, во објектот на Загребскиот саем, во Кутина во централна Хрватска и во Пакрачка Пољана во западна Славонија, кон крајот на 1991 година.
„Мерчеповци“ убиле вкупно 46 цивили, тројца од нив се водат за исчезнати и до денес не се пронајдени, а шестмина биле малтретирани, но преживеале.
Меѓу жртвите било и српското семејство Зец, 12-годишната Александра и нејзините родители, кои биле убиени во Загреб во декември 1991 година.
Иако членовите на единицата на Мерчеп веднаш по убиствата, во 1992 година, беа уапсени и ги признаа злосторства, тие подоцна беа ослободени поради процедурални причини.
Во март оваа година, Врховниот суд условно го ослободи, откако тој отслужи три четвртини од затворската казна.
Врховниот суд во своето соопштение истакна дека од август 2019 година, кога му било одбиено претходното барање за условно ослободување, ситуацијата се сменила, бидејќи здравјето на Мерчеп „значително се влошило“.
Мерчеп предизвика контроверзии во јавноста кога, во 2018 година, веб-порталот index.hr, објави дека тој поминал неколку недели во бања, наместо во затвор.
Хрватскиот министер за одбрана, Томо Медвед, во оваа пригода рече дека тој лично се заложил, Мерчеп да замине во бања.
Ново на Сител
-

МЗ: Близу 350 лица викендов прегледани во Гостиварската болница со симптоми на ентероколит, три лица се хоспитализирани
-

Невреме предизвика голема материјална штета низ Словенија, десетици интервенции на пожарникарите
-

Андоновски: Во Крушево отворен 16. Центар за услуги, граѓаните добиваат непосредна поддршка и директен пристап до електронските услуги
-

Топлотниот бран продолжува до вторник, заладување и дожд од среда
-

Во ЕУ има 15,7 судии на 100 000 жители, а во Македонија 20,1
-

Лишени од слобода крадци во Стар Дојран, украденото ќе биде вратено на сопственикот, следува пријава
-

Фејсбук недостапен за илјадници корисници ширум светот
-

Меси: Што и да се случи во финалето, Аргентина веќе напиша историја
