Почина еден од највеселите ликови на Фејсбук и Твитер
Популарниот шпански комичар Хуан Хоја Борха, познат по прекарот Смешката, почина на 65-годишна возраст во болница во Севиља.
Тој бил хоспитализиран уште од септември минатата година, а поради влошување на здравјето, лекарите морале му ја ампутираат едната нога. Во средата состојбата нагло му се влошила по што бил пренесен од „Ла Каридад“ болницата во Универзитетската клиника „Вирхен дел Росио“, каде и починал.
Целиот свет го знаеше благодарение на разните мемиња и клипови кои беа преправани со разни досетливи преводи, а поради неговиот начин на смеење.
Легендарниот клип со долгото смеење Ел Риситас го сними во интервју во 2007 година во шоуто „Ratones Coloraos“ на Хесус Кинтеро кога раскажуваше анегдота за неговиот прв ден на работа во ресторан покрај океанот.
Ново на Сител
-
Се гласа за Српската влада
-
Тема на денот со Иван Пешевски, ССМ
-
Масовен протест за 1 Мај: Синдикатите побараа 450 евра минимална плата од новата влада
-
Работниците креваат глас
-
Првомајската традиција продолжува
-
Охрид полн со туристи за 1 Мај
-
Експерти: Екстрадицијата на Палевски треба да се прави во најголема тајност
-
Студен туш за барањата на Максим Димитриевски - за него пак, ароганцијата на СДСМ е ненадминлива