-->
-->
Почина еден од најпопуларните пејачи во светот
-->
Славниот пејач Џорџ Мајкл почина на 53-годишна возраст, јави Би-Би-Си, повикувајќи се на неговиот публицист.
Ѕвездата, која ја почна својата кариера во дуото „Вем“ во 80-те години од минатиот век, подоцна многу успешно ја продолжи својата соло кариера, „почина мирно, во својот дом“.
Полицијата соопшти дека не се утврдени никакви сомнителни околности во врска со неговата смрт.
Џорџ Мајкл за време на својата исклучително плодна кариера, која траеше речиси четириесет години, имамо продадено албуми во тираж над 100 милиони.
„Со голема жал потврдуваме дека нашиот сакан син, брат и пријател Џорџ Мајкл почина мирно, во својот дом за време на Божикните празници“, се наведува во изјавата на неговиот публицист.
„Семејството бара да се почитува нивната приватност во овој тежок и емотивен период“, дополни неговиот публицист.
Тој беше британски музичар, пејач, текстописец и продуцент за снимање кој се издигна помеѓу славните во 1980-тите.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на ВМРО-ДПМНЕ
-
Завршен митинг на Влен
-
Последен ден за кампања - пораки на кандидатите
-
Парламентарни избори 2024
-
Седница на ДИК за приговори од граѓани за лично избирачко право
-
Производителите на зелка бараат обештетување поради ниската откупна цена
-
Евростат: Невработени во март биле 13,2 милиони лица во Унијата, на Германија до 2035 ќе и фалат 7 милиони работници