Македонија
7. јуни 2017 - 14:34

Почина девојката што беше повредена во сообраќајка во Драчево

Почина 20-годишната девојка што беше удрена од мотор пред три дена на раскрсницата меѓу улиците „Иван Хаџиниколов“ и „Живко Фирфов“ во населбата Драчево.
 
МВР соопштува дека девојката Т.Т (20) била удрена од страна на 32-годишниот скопјанец З.А, а потоа со тешки телесни повреди била пренесена на КАРИЛ при Ургентниот центар – Скопје. Следниот ден им подлегнала на повредите.
 
Возачот на мотоциклот бил повреден, но по укажаната лекарска помош е пуштен на домашно лекување.