Почина д-р Кирил Доревски
Почина д-р Кирил Доревски, редовен професор на Факултетот за фармација при УКИМ.
- Со длабока тага ја споделуваме веста дека на 03.7.2022 година почина нашиот драг и почитуван професор Кирил Доревски.
Проф. д-р Кирил Доревски е роден 1934 година во Ресен. Дипломирал на Фармацевтскиот факултет во Белград во 1959 година. Специјализација од областа на медицинската биохемија завршил во Белград во 1967 година. Како дипломиран фармацевт работел како управник на аптеката ,,5 Ноември,, во Ресен и како специјалист-биохемичар во болницата ,,Д-р Трифун Пановски,, во Битола. Во 1977 година на Фармацевтскиот факултет во Белград ја одбранил докторската дисертација.
Во 1970 година се вработил во фабриката .,,Алкалоид,, во Скопје и во овој период завршил специјализација од областа фармацевтска технологија. До крајот на 1977 година е на функцијата помошник генерален директор за комерција, финансии и развој, по што бил избран за директор на работна единица ,,Алкалоид,, во Варшава, Полска.
Во периодот од 1986-1992 година работел како сојузен секретар за хемија, гума и неметали при Стопанската комора на СФРЈ во Белград. Бил член на Сојузната и на Републичката комисија за регистрација на лекови.
Од август 1992 година работи на Фармацевтскиот факултет во Скопје. Како редовен професор покрај стручната работа, научната активност учествува и во едукација на постдипломци, специјализанти и докторанди на Фармацевтскиот факултет во Скопје.
Бил претседател на Фармацевтското друштво на СФРЈ, Фармацевтското друштво на Македонија, главен и одговорен уредник на Билтенот на фармацевти и фармацевтски техничари, а подолг период и претседател на Acta Pharmaceutica Yugoslavica.
Покрај многу награди и плакети има добиено и Златен орден на трудот за посебен придонес во фармацијата на југословенско ниво.
Во периодот од 1992-1993 година бил продекан на Медицинскиот факултет во Скопје, а од 1994 до 1998 година бил декан на Фармацевтскиот факултет. Во текот на двата мандата овозможува подобри материјално-технички услови за работа, пред се изградба на зграда на Факултетот во соработка со Реплек-Македонија. Директно се заложил во учебната 1992/93 година да се воведе нова петтогодишна студиска програма за студенти по фармација.
Бил иницијатор за раздружување од Медицинскиот факултет и за осамостојување на Факултетот во 1994 година.
Во историјата ќе боде запамтен како прв декан на Факултетот по одвојувањето од Медицинскиот факултет во 1994 година, кој со својата долгогодишна наставно-образовна, стручно-апликативна и научна работа, оставил силен печат за развој на Фармацевтскиот факултет при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје и целокупната фармацевтска дејност во нашата држава.
СЛАВА МУ! - стои во објавата на Фејсбук страницата на Факултетот за фармација при УКИМ.
Ново на Сител
-
Самит на ЕПП во Брисел, неизвесна средба Мицкоски - Борисов
-
Пратенички прашања за опозицијата
-
Од Нова година поскапува струјата
-
Со писмо до Таравари и Мицкоски 30 доктори од Клиниката за деца “Козле” бараат смена на директорката – таа демантира
-
Загаден воздух: Инспектори ќе ги тресат индустриските капацитети во државата
-
Арачиново повторно под полициска опсада - Пронајдено автоматско оружје, пушки, муниција
-
Реформи во системот за кризи
-
Акција на МВР во Арачиново