Почина човекот кој пред 25 години одлучуваше за судбината на Југославија, неговиот син денес е еден од најмоќните во светот

Норвешкиот дипломат и некогашен министер за надворешни работи Торвалд Столтенберг почина во 87. година, јавија норвешките медиуми. Во текот на кризата во поранешна Југославија, беше специјален пратеник на генералниот секретар на Обединетите нации.
Торвалд Столтенберг е роден на 8 јули 1931 година во Осло, а во неколку наврати беше министер за надворешни работи и одбрана на таа држава.
Исто така ја вршеше и фунцијата на висок комесар за бегалци на ОН, додека во текот на војната во Босна и Херцеговина беше специјален пратеник на генералниот секретар на ОН.
Во мај 1993 година беше копретседател на Меѓународната конференција за поранешна Југославија. Покрај американскио амбасадор Питер Галбрајт, беше претставник на меѓународната заедница при потпишување на Ердустскиот договор 1995 godina.
Дипломатската кариера ја почна во Сан Франциско 1958 година, а веќе наредната е преместен во амбасадата на Норвешка во Белград, каде во два наврати помина вкупно седум години.
Пред три години е прогласен за почесен граѓанин на Белград.
Имаше две ќерки, Камила и Нина, и синот Јенс кој моментално ја врши функцијата Генерален секретар на НАТО.
Ново на Сител
-

Што треба да преземе Владата, за да се намалат инфлациските очекувања?
-

Тема на денот со Даниел Стојчевски, пратеник од ЗНАМ
-

Се водат ли преговори за завршување на војната на Блискиот Исток
-

Дел од регионот се соочува со недостиг, а во Македонија дизелот поевтинува за еден денар
-

Цените на горивата може да ја забрзаат инфалцијата
-

Безбедносната состојба стабилна, Американците во светот повикани на претпазливост
-

СДСМ: Пратеничката група ни е стабилна, утре Централен
-

Костадиновски: За воведување на уставна тужба неопходни се уставни измени
