-->
-->
Почина Бен Али, поранешниот претседател на Тунис
-->
Поранешниот претседател на Тунис, Зине ек Абидине Бен Али денеска почина на 83 години, соопшти неговиот адвокат.– Бен Али кој живееше во егзил во Саудиска Арабија почина во Џеда, а неговото тело ќе биде префрлено во Мека, каде ќе ја чека одлуката на семејството за погребот, изјави адвокатот Мунир бен Салах.
Бен Али беше болен од рак на простата, а минатата недела беше примен во болница.
Тој беше сменет од власт во 2011 година во крвавите протести кои го означија почетокот на Арапската пролет. Бен Али 23 години раководеше со Тунис, а во повеќе наврати беше осудуван за корупција.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

„За влакно избегнавме трагедија“ - улични кучиња нападнале мајка и дете во Скопје
-

Тема на денот со Виктор Митевски, извршен директор на ЗМАИ
-

ДИК со првични официјални резултати: Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ прв со 2945 гласови, втор Јахиј од НАИ со 2152 гласа
-

Политички реакции по првиот круг во Брвеница
-

МНР: Навредливи и провокативни се изјавите на Демерџиев и Радуков за Ива Михаилова
-

Правосуден испит на албански или нови протести
-

Отказ за административците ако 2 години се негативно оценети
-

Нови цени на горивата
