Балкан
1. September 2023 - 19:53

Почина бебе по операција на непце во БиХ

Бебе починало по рутинска операција која била извршена во понеделникот во болница Тузла.

Како што потврдиле за „Дневни аваз“, веднаш по операцијата и по преземените мерки за реанимација починало бебе родено во 2022 година.

„По повод споменатиот случај формиран е тим кој меѓу другото ќе ги утврдува и процедурите спроведени при лекување на споменатиот пациент“, изјавиле од болницата во Тузла за медиумот.

Според написите, бебето починало по рутинска операција на непцето.