Почина Александар Стојановиќ, балетан, кореограф, режисер и репетитор

На 11 март почина Александар Стојановиќ, балетски уметник од првата генерација на уметници кои ја втемелија оваа уметност во Македонија. Стојановиќ (1934-2016) за време на своето долгогодишно уметникување одигра плејада ликови, претежно од делата на светската балетска класика, но посебно ќе биде запаметен по улогите во претставите од македонските автори, Љубомир Бранѓолица и Трајко Прокопиев.
Како балетан настапувал во улогите на Алберт и Хиларион во „Жизел“; Жан де бриен „Рајмонда“; Ромео „Ромео и Џулиета“ (Чајковски); Ромео и Тибалт „Ромео и Џулиета“ (Прокофјев); Лабин „Лабин и Дојрана“; Генерал и Мазурака „Танц на кадетите“; Непознатиот „Легенда за љубовта“; Војникот „Балада за Скопје“; Капетан Кука „Петар Пан“; Сврзимантија „Кикотењето на Гроздана“ и многу други.
Бил кореограф на „Тоа е Човек“; „Херојска симфонија“; „Рекламна бајка“ (драма); „Кикотењето на Гроздана“; „Песна над песните“. Репетитор во: „Жизел“. „Легенда за љубовта“, „Охридска легенда“, „Валпургиска ноќ“, а режисер на „Дубровничка легенда“.
Ново на Сител
-

Американската војска заплени седми танкер поврзан со Венецуела
-

Во Кривичен пресуда за случајот „Геријатрија“
-

Утврдување на предлог-одлуки за избор на нови состави на ДИК и КСЗД
-

Уставниот суд ја одржува првата седница во 2026 година – на дневен ред девет иницијативи за оценка на уставност и законитост
-

Собранието ќе ја одржи 81. седница
-

Трамп за спорот околу Гренланд: Ќе најдеме решение
-

Дводневно заседание на Воениот комитет на НАТО на ниво на началници на генералштабови
-

Облачно со повремен снег
