-->
-->
Почина 32-годишниот српски кошаркар Стеван Јеловац како последица од мозочен удар
-->

Српскиот спорт доживеа тежок удар, почина 32-годишниот повремен репрезентативен на Србија во кошарка, Стеван Јеловац.
Јеловац, кој на клупски план ги бранеше боите на грчкиот АЕК, бил итно пренесен во болница на 14 ноември кога му се слошило за време на тренинг.
Се испостави дека крилниот центар имал мозочен удар, а како што соопшти неговиот клуб по првата интервенција на медицинските стручњаци, ситуацијата и понатаму била критична, „но стабилна“.
Но, на почетокот на неделава, поради сериозноста на ситуацијата, Јеловац на иницијатива на неговото семејство беше префрлен на лекување во Србија.
За жал, немаше спас за српскиот кошаркар, објавија во неделата вечерта бројни грчки медиуми.
За време на својата богата кариера, Јеловац играше за Визура, Мега, Црвена звезда, Анталија, Јувеказерта, Литвос Ритас, Сарагоса, Нижњи Новгород, Бросе Бамберг, Газиантеп и јапонскиот Сан-Ен Неофиникс.
За репрезентацијата на Србија настапуваше во квалификациите за СП 2019 година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Македонската фудбалска репрезентација остана на 66. место на ФИФА рангирањето
-

Бугарскиот претседател Румен Радев објави дека утре ќе поднесе оставка
-

Датумот за вонредниот самит на ЕУ е потврден - 22 јануари
-

ЦИК на Косово: Се повторува пребројувањето на сите гласови од парламентарните избори одржани во декември лани
-

Македонците во Албанија го одбележаа Богојавление, во Пустец крстот го фати Данко Марко
-

Жител на Радичево починал откако паднал во шахта
-

Македонската навивачка Фаланга го одбележа празникот Водици и традиционалното скокање по крстот во Архус | ВИДЕО
-

Васко Дрвошанов и годинава го фати светиот крст во Струмица
