Почина 20-годишен охриѓанец во сообраќајката кај Лагадин

Почина 20-годишниот охриѓанец, кој беше еден од повредените во тешката сообраќајна несреќа помеѓу мотор и автомобил што вчера околу 15 часот се случи на патот Охрид - Свети Наум, кај Лагадин.
Како што информира МВР, вчера околу 15:00 часот на регионалниот пат Охрид-Свети Наум, кај населбата Лагадин се случи сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Форд Мондео“ со охридски регистерски ознаки управувано од П.П. (30) од с. Косел и моторцикл „Хонда“ со охридски регистерски ознаки управуван од Б.С.(17) од Охрид.
Во незгодата со тешки телесни повредни се здобиле Б.С. кој бил пренесен во Клиничкиот Центар во Скопје и неговиот сопатник Тони Т. (20) од Охрид кој бил пренесен во охридската болница Св.Еразмо, каде околу 20:20 часот им подлегнал на повредите.
СВР-Охрид изврши увид, а сообраќајот вчера од 15:00 до 16:30 часот беше во прекин. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција. Полицијата работи на целосно расчистување на случајот.
Ново на Сител
-

Ристовски: Прославата на спортските успеси треба да биде убав гест, а не навреда
-

Уапсен 16-годишник кој крадел во џамии во Тетово
-

Американец заразен со ебола евакуиран на лекување во Европа
-

Силекс и Шкендија ќе играат за трофејот во Купот на Македонија
-

Најмалку десет загинати во израелски напад врз јужниот дел на Либан
-

Паднаа цените на нафтата
-

Седница на Уставниот суд со седум иницијативи на дневен ред
-

Во ЕУ постигнат прелиминарен договор по однос трговските односи со САД
