-->
-->
Почетокот на натпреварот Манчестер јунајтед - Ливерпул одложен поради протест на навивачите
-->
Навивачите на Манчестер јунајтед се пробија на „Олд Трафорд“ неколку часа пред натпреварот против Ливерпул. Почетокот на дербито од 34. коло на англискиот шампионат е одложен на неодредено време, соопшти „Sky Sports“.
Според извештаите на британските медиуми, Премиер лигата објави дека почетокот на натпреварот е одложен поради протести на навивачите на стадионот „Олд Трафорд“. Забележано е дека екипите се уште се во хотелот и не можат да излезат на теренот.
Навивачите на Јунајтед бараат оставка од сопствениците на клубот – семејството Глејзер.
Почетокот на натпреварот беше закажан за 17:30 часот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Македонија пет години дел од најголемиот воено-политички сојуз - НАТО
-
Крива Река загадена со цијанид и олово, општината ќе бара кривична одговорност
-
Teма на денот со Михалис Рокас, евроамбасадор
-
Поднесено обвинение за сообраќајката во која загина Фросина Кулакова
-
Двајцата поранешни градоначалници на Кочани остануваат во куќен притвор
-
Само една од 800 згради во Карпош ги исполнува прописите за безбедност, рече Јакимовски
-
Граѓански организации бараат казни наместо време за прилагодување
-
Се намалува бројот на повредени кои остануваат на болничко лекување – критичните пациенти се подобри од вчера