Македонија
18. December 2017 - 8:37

Почеток на проект за изградба на пречистителна станица за отпадни води за Струмица

Министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураки денеска ќе се обрати на промоцијата на проектот „Изградба на пречистителна станица за отпадни води за Струмица“ на локалитетот Сачево, Струмица.

Како што соопшти Министерството за животна средина, на настанот е најавено присуство на премиерот Зоран Заев, амбасадорот на Европската унија Самуел Жбогар, министерот за финансии Драган Тевдовски, како и на Франц Митермаер, член на Управниот одбор на ЕВН Групацијата, во чија сосптвеност е WTE.