Почесна стрелба во пресрет на Денот на АРМ
Армијата на Република Македонија (АРМ) годинава одбележува 24 години од формирањето.
Во пресрет на утрешното одбележување на Денот на Армијата, делегации од Владата, Собранието, Министерството за одбрана и Генералштабот на АРМ ќе положат цвеќе пред Споменикот на Партизански гробишта, на вечните домови на поранешните претседатели и врховни команданти Борис Трајковски и Киро Глигоров, на гробот на генерал Михаило Апостолски и пред спомен обележјето на загинатите бранители од 2001 година.
Владината делегација ќе ја предводи вицепремиерот и министер за економски прашања Владимир Пешевски.
Вечер ќе се одржи традиционалната почесна артилериска стрелба со истрелување на десет плотуни од артилериски орудија на артилерискиот баталјон на АРМ во касарната „Илинден“.
Оваа година, Денот на АРМ ќе биде симболично одбележан поради трагичните настани со поплавите во скопскиот регион. Војниците на АРМ од саботата кога се случи поплавата, се постојано на терен во населените места во скопскиот и во тетовскиот регион каде учествуваа во спасувањето и евакуацијата на населението, а подоцна и во справувањето со последиците од невремето.
Одлуката за симболично одбележување на Денот на АРМ беше донесена вчера од страна на Министерството за одбрана.
Утре пред Министерството за одбрана, во рамки на одбележувањето, ќе се одржи постројување на припадниците на АРМ и вработените во Министерството.
На 18 август 1943 година на Славеј Планина, во областа Дебарца, беше формиран баталјонот „Мирче Ацев", кој се смета за првата организирана воена формација на НОВ на Македонија. Денот на формирањето на баталјонот се смета за роденден на АРМ.
Ново на Сител
-
Апасиев: Очекуваме двоцифрен број на пратеници
-
Таравари: Ни треба нов Устав на две заедници
-
Ахмети: Уште поголема победа
-
Ковачевски: Масовна излезност на 8 мај
-
Мицкоски: СДСМ спрема црни сценарија
-
Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска
-
Тинекс отвора уште неколку нови маркети, денеска отворен маркетот во О. Илинден
-
Во понеделник се враќа старата цена за осигурување на возилата