„Побједа“: Демократскиот фронт се откажа од референдум за членството на Црна Гора во НАТО

Црногорската опозициска коалиција Демократски фронт (ДФ) офијално се откажа од планот за организирање „народен референдум" за членството на Црна Гора во НАТО, објави подгоричкиот весник „Побједа“.
Членот на Претседателството на коалицијата, која се противи на членството на земјата во НАТО, и лидер на Демократската народна партија, Милан Кнежевиќ изјави дека референдумот би требало да го организираат заедно со останатите опозициски партии - Демократи, Демос и Социјалистичката народна партија.
- ДФ смета дека одлуката за евентуално влегување на Црна Гора во НАТО мора да се донесе на референдум. Моментно, никој не знае дали ќе дојде до ратификација на протоколот во Сенатот на САД, затоа секоја конструкција околу натамошните потези на противниците на членството и на поддржувачите, би била релативна. Сепак, доколку сегашното парламентарно мнозинсво реши таа одлука да ја донесе во Собранието, тогаш ДФ, Демократите, Демос и СНП кои се залагаат за одржување референдум, ќе треба заеднички да организираат алтернативен референдум, како јасен показател дека мнозинството граѓани се против зачленувањето во овој воен сојуз, рече Кнежевиќ.
Некои експерти, како и власта, овој потег го оценуваат како неуставен.
Ново на Сител
-

Иран ја предупреди Велика Британија: Вашиот потег ќе влезе во историјата
-

Времен режим на сообраќај во недела во скопски Аеродром поради атлетска трка
-

Цените на нафтата се намалија
-

Мицкоски: Да го негуваме соживотот, да градиме доверба и да вложуваме во заедничка иднина
-

Иран нападна цели во соседните земји
-

Најстудено и најмногу снег утрово на Попова Шапка
-

Нетанјаху: Иран веќе не може да збогатува ураниум и да произведува балистички ракети
-

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод Рамазан Бајрам
