-->
-->
Победа за Русевски и Магдинчев во Скопје
-->

Македонската комбинација Лазар Магдинчев и Предраг Русевски по голема борба се пласираа во следното коло на фјучрсот во двојки што се игра во Скопје. Тие вчера ги победија Петар Цонкиќ и Кристијан Хиршмилер со 6:4; 6:7 (4:7) и 10:6 на поени и во следното коло ќе играат против Томислав Јотовски и Александар Лазов од Бугарија.
Македонските тенисери и вчера немаа успех во сингл мечевите. Јотовски загуби од првиот носител Данило Петровиќ од Србија со 6:3 и 7:5 во гемови, а Бесир Дургути беше поразен од Кристијан Месарош (Хрватска) со 6:2 и 6:1. Настапот го заврши и Горазд Србљак, кој загуби од Саси Кумар Мукунд (Индија) со 6:4 и 6:1 во гемови.
Нашите тенисери беа поразени и во конкуренција на двојки. Шендрит Деари и Србљак загубија со 6:4 во двата сета од Дарко Јандриќ и Либор Салаба, додека Стефан Мицов и Нермин Фатиќ загубија од Лени Хампел и Данило Калиниченко со 6.4 и 6:3.
Денеска на терените на „Тенис парк“ во склоп на СЦ „Јане Сандански“ се играат мечевите од 2.коло во поединечна конкуренција и четвртфиналето во игра на двојки.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Велика Сабота - ден меѓу смртта и воскресението
-

Астронаутите од „Артемис II“ безбедно слетаа на Земјата по летот околу Месечината | ВИДЕО
-

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради празникот Велигден
-

Преговорите меѓу САД и Иран започнуваат во Пакистан
-

Од попладне стапува на сила 32-часовно примирје меѓу Русија и Украина
-

Земјотрес од 3.1 степени по Рихтер во источна Македонија
-

Облачно и ветровито
-

ЕК: На над 27.000 лица им е одбиен влез во ЕУ преку новиот систем за гранична контрола
