Тенис
25. April 2018 - 19:30

Победа во сингл и пораз во двојки на Јотовски на фјучрсот во Анталија

Македонскиот тенисер Томислав Јотовски со победа го почна настапот на на новиот фјучрс турнир во Анталија, Турција. Тој денеска го совлада домашниот тенисер Ерги Киркин со 6:4 и 6:2 за 1 час и 50 минути.

Утре во меч од второто коло Јотовски ќе игра против Словенецот Ник Разборшек, кој во првото коло беше подобар од Александар Ерлер од Австрија со 2-1 во сетови. Разборшек се наоѓа на 818 место на АТП листата и преку квалификации се пласира на главниот турнир.
Во игра на двојки Јотовски со Нермин Фатиќ (БиХ) загуби од холандските тенисери Марк Дијкхаузен и Мик Велдхер со 2-0 во сетови (6:3 и 6:4).
На женскиот дел од фјучрсот турнирот во првото коло настапи и нашата тенисерка Магдалена Стоилковска. Таа загуби од 16-годишната Украинка Анастасија Поплавска со 2-0 во сетови (7:5 и 7:6 (7:5) во гемови).