Фудбал
19. November 2022 - 20:35

Победа против Азербејџан за „Среќна Нова Година“

Македонската фудбалска репрезентација утре од 14ч го игра пријателскиот дуел со селекцијата на Азербејџан.  Енис Барди како еден од лидерите на тимот посака победа за крај на годината: -
 
„Фаворит во денешниот фудбал нема. Наша работа е да влегуваме во натпреварите како што се договараме. Анализиравме што се случи на претходната средба, тие мали грешки ќе ги поправиме. Ќе излеземе на терен со надеж за позитивен резултат. Противникот е силен, игра агресивно и физички е добро подготвен. Ќе анализираме каде можеме да ги нападнеме. Сакаме добро да ја завршиме оваа година“, кажа Барди.