Победа над Фарски Острови - македонските ракометари се пласираа на Светско
Македонската ракометна репрезентација вечерва го совладаа Фарски Острови со 34:26 и се пласираа на Светското првенство следната година.
Разликата од осум голови беше доволна да се анулираат седумте негатива од првиот дуел од барашот за СП одигран во средата на гостински терен кој Фараните го добија со 34:27.
Селекторот Кирил Лазаров постави извонредна игра, како во нападот, така и во одбраната. Македонците покажаа голема борбеност, беа агресивни во дуелите, играа трпеливо во нападот и на крајот заслужија мундијалски билет.
По првите 30 минути Македонија водеше со 19:15, во 37. минута ги имаше посакуваните +7, а во неколку наврати водеше и со девет разлика.
Жарко Пешевски со осум погодоци беше најефикасен во победничкиот состав. Се истакнаа и Филип Кузмановски со седум, Марко Митев со шест и Мартин Серафимов со пет погодоци.
За „Црвено-жолтите“ следното Светско првенство ќе биде деветти, по 17 пат ќе играат на голем ракометен настан, а задржан е и континуитетот на учество на големите натпреварувања кој трае од 2012 година.
Ново на Сител
-
Хезболах објави дека уште еден висок командант е убиен во израелскиот воздушен напад врз предградие на Бејрут
-
Расходите на Харис во август во кампањата се три пати поголеми од оние на Трамп
-
Русија соборила над 100 украински дронови над неколку области
-
Обилни дождови и поплави во Јапонија и Јужна Кореја
-
Рождество на Пресвета Богородица (Мала Богородица)
-
Сончево со мала до умерена облачност, попладне во западните делови услови за локален дожд
-
Бајден изјави дека САД работат на тоа да им се овозможи на раселените жители од северен Израел да се вратат дома
-
Шефот на ИДФ вети дека војската ќе стигне до секој што им се заканува на израелските цивили