Италија ќе и додели 90 илјади евра на Македонија за справување со мигрантите
Италијанската Влада ќе и додели 90 илјади евра на Македонија за справување со приливот на мигранти од Блискиот исток.
- Вонредната состојба предизвикана од приливот на мигранти од Блискиот исток на пат кон северна Европа претставува нов предизвик за Европа и европските земји со кој заеднички треба да се справат земјите-членки на ЕУ и земјите-кандидати од Западен Балкан. Имајќи ги предвид предизвиците со кои моментално се соочуваат македонските власти, италијанската Влада донесе одлука да и додели на Македонија дополнителна мултилатерална помош во износ од 90.000 евра за финансирање на активностите на здруженијата на Црвениот крст и Црвената полумесечина на Република Македонија, се наведува во соопштението од италијанската Амбасада во Скопје.
Оттаму истакнуваат дека бројот на мигранти кои го користат т.н. Балкански пат постепено се зголемувал особено во последните неколку недели и оти тоа претставува голем напор за Македонија.
- Италијанската помош има за цел да ги поддржи активностите од примарна заштита на македонскиот Црвен крст и Црвена полумесечина за да им се помогне на најраливите групи мигранти (жени и деца), како и обезбедување основни средства и основна медицинска грижа, се вели во соопштението.
Ново на Сител
-
САД: Државен службеник им наредил на работници да не им помагаат на гласачи на Трамп по ураган
-
Руската ПВО утринава соборила 70 украински дронови, од кои половината летале кон Москва
-
Јаневска: Науката е област на која новата Влада сериозно и се посветува
-
Демонстрации во Тел Авив и нов повик за ослободување на заложниците, на 400-от ден од нападот на Хамас
-
Најмалку 20 загинати во израелски напад на шиитскиот град Алмати, северно од Бејрут
-
Од утре променливо облачно и постудено време, на повисоките планини снег
-
Семејството е стожер на љубовта и општествениот развој, порака од трибината одржана во Дебар-живиот симбол на соживот
-
Приведени двајца бегалци од затвор