Loading Video...
Фудбал
18. October 2020 - 18:37

Победа на Силекс во меч со 7 гола

Во Кратово љубителите на фудбалот видоа ревија на голови и драматичен финиш со победа на Силекс против Работнички од 4-3 со гол буквално во последната секунда. 

Домаќините одлично го започнаа натпреварот и поведоа со 2-0 со головите на Ивановски од пенал и Ристов. Следуваа минути на Работнички и погодоци на Тошевски и Чумиќ за 2-2. 
Силекс повторно доаѓа од предност со вториот гол на Ивановски од белата точка но гостите не се предаваат и Јефтоски исто така од пенал израмнува на 3-3. 
Последниот гол за победа од 4-3 го постигна Мустафов во 95. минута. 
Еве ги комплетните резултати од 9. коло 
ФУДБАЛ ПРВА ЛИГА 9. КОЛО
Силекс-Работнички 4-3
Струга ТЛ – Беласица 3-0
А.Пандев – Шкупи 0-1
Борец – Македонија ЃП  2-1
Ренова – Пелистер  0-0
Вардар – Шкендија  1-5