-->
-->
Победа на кошаркарите над Бугарија
-->
Кошаркарската репрезентација на Македонија оствари победа над Бугарија (78:74) на вториот контролен натпревар одигран попладнево во „Самоков Арена“. Вчера во првиот контролен дуел Македонија загуби од Бугарија со 61:59.
Резултат по четвртини: 18:24; 21:22; 18:22 и 17:10.
Нашите кошаркари ги добија првите три четвртини и по 30 минути водеа со 68:57, но противникот на три минути докрајот имаше водство од еден поен (71:70). Сепак избраниците на селекторот Драган Раца во финишот беа поумешни и стигнаа до победата.
Најефикасен на натпреварот беше Дамјан Стојановски со 23 поени, додека неговиот брат Војдан Стојановски постигна 20 со 11 скокови, а Ромео Тревис дуелот го заврши со 14 поени.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Парламентарна кампања
-
Истече рокот за приговор до ДИК
-
Претседателска кампања 2024
-
Тема на денот со Максим Димитриевски, претседател на ЗНАМ
-
Течат последните часови од рокот за приговор - ДИК ќе чека до 19 часот
-
И Мицкоски и Ковачевски во поход за поддршка од помалите партии
-
Изборна кампања
-
Ценовен шок за возачите: Поскапе осигурувањето за регистрација на возилата