Живот
23. May 2016 - 16:13

Побарав развод неколку часа по венчавката: Не ме лажеше, направи нешто многу полошо ...

Човек од Саудиска Арабија побарал развод од неговата сопруга неколку часа откако стапиле во брак, бидејќи жената била премногу зафатена со одговарање на бројни честитки од пријателите, пишува Индепендент. Младоженецот, наводно се налутил кога парот се врати лво хотелската соба, по венчавката, а неговата сопруга одбила да престане да пишува пораки и да отиде во кревет.
 
Член на семејството открива дека, после брачната церемонија, младоженецот ја однел невестата во хотел каде имале резервирано соба. Но веднаш по влегувањето младата не можела да се одвои од телефонот. Младоженецот наводно се обидел да и се приближи и да биде интимен со неа, но се шокирал кога таацелосно го игнорирала.
 
- Кога ја прашал зошто го прави тоа, која е причината, му одговорила дека е премногу зафатена со комуницирање со своите пријателки, - вели изворот.
 
Важни и се пријателките
 
Кога тој ја запрашал дали нејзините пријателките и се поважни од него, младата одговорила потврдно. Започнале караница во која мажот побарал развод и ја напуштил хотелската соба.
 
Роднината на младоженецот рекол дека барањето за развод е поднесено, а кога судот го испратил парот да се смири, мажот одбил.
 
Правен експерт предупредил дека стапката на брзи разводи, во земјата скокнал за речиси 50%.