По жестоките критики, СЗО ќе го преиспита именувањето на Мугабе за „амбасадор на добра волја“
Светската здравствена организација најави дека ќе го преиспита именувањето на социјалистичкиот владетел на Зимбабве Роберт Мугабе како „амбасадор на добра волја“.
Именувањето на Мугабе предизвика бурни реакции. Тој е обвинет за автократско владеење со Зимбабве, напади врз опозицијата, одземање на имотите на белите фармери и за општото осиромашување на африканската држава.
Директорот на СЗО Тедрос Адханом Гебрејесус изјави дека оваа организација има пракса да именува вакви „амбасадори на добра волја“ со цел да сврти внимание кон одредено прашање, како на пример ангажманот на Анџелина Џоли како амбасадорка за бегалци или Малала Јузафзаи за прашањето на образованието. Сепак, Гебрејесус изјави дека СЗО ќе го преиспита изборот на Мугабе, по острите критики со кои се соочи.
Критиките за именувањето на Мугабе се совпаднаа со силните критики што американскиот претседател Доналд Трамп ги упати кон Обединетите нации и по повлекувањето на САД од УНЕСКО. И Британија го критикуваше именувањето на Мугабе за „амбасадор на добра волја“.
Ново на Сител
-
Неексплодирана рачна бомба пронајдена на улица во Демир Капија
-
Четиринаесет жртви во бомбардирањето на станбена зграда во близина на бегалскиот камп Нусејрат
-
Казнет и протеран од Косово брачен пар од Русија кој беше уапсен поради нелегален влез од Србија
-
Курти со опозицискиот лидер Красниќи разговарал за одржување предвремени избори во Косово
-
Бајден го потпиша законот за забрана за увоз на збогатен ураниум од Русија
-
Состојба на патиштата
-
Телефонски разговор Ципрас-Заев: Ја истакнале важноста на почитувањето на Договорот од Преспа
-
Жената носи живот | Мери Амбросова | Личен развој | Sitel Podcast 036