-->
-->
„По врвиците на Даме Груев“ - традиционален марш во Малешевијата
-->
Малешевијата денеска се сеќава на револоционерот Даме Груев. „По врвиците на Даме Груев“ од Русиново до местото каде што загинал, Петлец, маршираа околу илјада граѓани, почитувачи на делото на Груев, не само од Малешевијата туку и од цела Македонија.
Марин Демировски од Општина Берово истакна дека и оваа година на овој марш има голема посетеност.
- Маршот е традиционален и се организира скоро половина век. Годинава одбележуваме 109 години од загинувањето на Даме Груев на месноста Петлец над беровско Русиново, рече Демировски.
Маршот почна во Русиново со положување свежо цвеќе на споменикот на Груев во селото, се одржа панихида на гробовите на револуциоерите кои се овде погребани, по што се одржа маршот со кој симболично се поминува последната патека од животот на Груев.
Ѕвонко Скендерски, историчар од Локалниот музеј во Берово, каде се чува и споменот за Груев преку стари фотографии, записи и оружје и предмети од револуционерите, истакнува дека Груев со неколкумина пријатели бил на состанок во куќата на Алаѓозовски во Русиново, каде се договарале за големиот собир во Софија, но вечерта бил предаден на турскиот аскер.
- Груев е ранет во ногата и бидејќи таа вечер имало снег, тој оставал траги по снегот бегајќи накај Петлец. Таму се одржала нерамноправна борба, каде загинал тој и неговите пријатели. Другиот ден сите се погребани во Русиново, рече Скендерски.
Даме Груев е симбол на македонскиот непокор и една од култните личности кои го одбележале илинденскиот период. Роден е во битолското село Смилево, а загинал на 23 декември 1906 година, на 35-годишна возраст на Петлец, Русиново.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Утрово најстудено во Берово, најтопло во Струмица
-
Мицкоски: Македонија е верен сојузник на САД, Европа треба да биде принципиелна наместо со двојни стандарди
-
Задутре онлајн состанок на европските министри за одбрана за Украина
-
Трамп го отпушти највисокиот американски воен функционер
-
Поднесено обвинение против три лица кои со секира искршиле и запалиле кафуле во Кисела Вода
-
Задушница - спомен за починатите
-
Бесплатен разглед на Скопје и Битола по повод Светскиот ден на туристички водичи
-
Студено утро, преку ден сончево со мала облачност